Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 1.200 млади ќе можат да се обучат за ИТ вештини

0
By Нова ТВ on September 14, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 1.253 невработени млади лица до 34 години, преку обуки кои ќе ги спроведат обучувачи, ќе имаат можност за доквалификација и квалификација за ИТ вештини со што ќе се стекнат со официјален акредитиран сертификат.

Оваа мерка денеска на прес-конференција ја најавија министерите за труд и социјална политика и информатичко општество Мила Царовска и Дамјан Манчевски. Мерката ќе се реализира преку Агенцијата за вработување, а за неа се издвоени 35,1 милион денари.

„Повикот за обуките е објавен денес, а пред девет дена и за спроведувачите на обуките. Она што е важно за нас како Влада е младите  да се обучат и да добијат шанса не само за ниско платените места, туку и за високо платените работни места како што се работните места во ИТ секторот“, истакна Царовска.

Таа ги повика сите млади жени да се пријават на конкурсот затоа што, како што рече, искористеноста на овие мерки од страна на жените во изминатите години е околу 20 проценти, а вкупната  искористеност на оперативните мерки за вработување на жените е 50 отсто.

Министерот за информатичко општество рече дека во нашата земја има потреба од обучени луѓе во ИТ секторот и дека на тоа укажуваат бројките на новорегистрирани ИТ компании.

Информираше дека ИКТ индустријата е во постојан раст и дека има над 2.000 регистрирани ИТ компании  како и тоа дека во првата половина во годинава основани се уште 145 нови. Бројот на вработени во овие ИТ компании се движи меѓу 14 и 18 илјади лица. а растот на ИКТ инндистријата во последните пет години е 47 проценти.

Една од следните мерки што следува до крајот на годината, како што најави Манчевски, е намалувањето на данокот на добивка за развој во ИКТ индустријата на три проценти, што според него, дополнително ќе ги мотивира инвесторите да отвораат нови места.

Обуките за напредни ИТ вештини, како што појасни директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, ќе се спроведат од страна на обучувачи низ целата држава, зависно од пројавениот интерес на невработените лица. Таа ги повика сите лица до 34 годишна возраст да се вклучат во оваа мерка, а тие кои ќе бидат вклучени на обуките ќе добијат ваучер за посетување на обуките и за полагање на испит.

Кандидатите пак треба да се пријават за полагање на испитот во рок од три месеци по завршување на обуките кои ќе траат четири месеци, а една обука три месеци. Лицата кои редовно ќе ја посетуваат обуката ќе добијат уверени, додека лицата кои успешно ќе го положат испитот, ќе добијат официјален акредитиран сертификат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.