Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повлекување на ветото бараат бугарски интелектуалци, умерен оптимизам кај Заев

0
By Нова ТВ on December 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На два дена од Европскиот совет на 8 декември премиерот Зоран Заев не го напушта оптимизот дека сепак е можно Бугарија да се откаже од најавеното вето за почеток на пристапните преговори за С. Македонија до крајот на годинава во рамки на германското претседателство.

Потврди дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов за време на радио интервју вчера и истакна дека од разговорот е видливо дека Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ.

-Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам декa уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија, рече Заев.

Тој е внимателен оптимист дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции иако, вели, нема да не изненади и треба да бидеме подготвени за одложување на ова прашање за што, наведува, може да повлијаат и изборите што земјата ја очекуваат во март следната година, .

-Јас реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор. Знаат и самите, знаеме и ние дека секогаш на секое поглавје може да биде застанат процесот за сите земји, па така и за С. Македонија. Имајќи го тоа предвид имаме акциски планови, имаме наративи, меморандуми како да ги забрзаме процесите на градењето на уште поголемо пријателство помеѓу Македонците и Бугарите, но и сите граѓани во РСМ. Верувам дека можеме да успееме на тој пат. Во најмала рака, неколкупати предупредив знаејќи ја суштината на разговорите, нема да не изненади, треба да бидеме подготвени дека ќе се одложи ова прашање. Бугарија имаше разбирање кога беа изборите во РСМ, претстојат избори во Бугарија. Не велам дека тоа е причината, но не е исто кога сте пред избори и кога не сте пред избори, потенцира Заев.

Во врска со употребувата на придавката „македонски“, која ја закочи работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања поради различно толкување на Преспанскиот договор, Заев оцени дека Договорот од Преспа јасно разликува кога таа се користи како наша идентитетска одредница. Жали што не бил постигнат напредок, поради како што оценува, немањето инвентивност и храброст, но подвлече дека во делот на историјата работата е на експертите и професионалците, кои е уверен дека ќе изнајдат решение.

Група бугарски интелектуалци, пак, во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како и до Канцеларијата на ЕУ во нивната земја, побараа бугарската Влада да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ без одлагање, односно тоа да се случи до крајот на 2020 година, во рамките на германското претседателство со Советот. Дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата…,.Неприфатливо е, велат, оспорувањето на македонската нација и јазик, и несоодветно е да се очекува едната страна во преговорите да изврши политичко самоубиство.

-Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на процесот на преговори на Македонија за членство во ЕУ, со аргумент кој е неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Според наше мислење, Бугарија ќе претрпи штета на имиџот на различни ненационални нивоа, со непредвидливи последици. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката помеѓу двете земји кои се главните столбови на истоимениот договор. Наспроти ова, манифестациите на грубост од двете страни, на високо политичко ниво, на ароганција и кратковидни историски интерпретации со живописен националистички и шовинистички вкус, наведуваат во писмото.

Предлагаат како еден од првите чекори да биде именувањето на транспортната инфраструктура меѓу двете држави на Коридорот 8, „Гоце Делчев“.

Официјална Атина, пак, засега, нема заземено став за разликите меѓу Скопје и Софија, а единствените пораки што доаѓаат од грчката Влада се дека и понатаму продолжуваат да ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот. Професорот од Универзитетот „Македонија“ во Солун и виш научен соработник во грчката Фондација за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“, Јанис Армаколас, во разговор со дописничката на МИА од Атина, за случувања на релација Скопје-Софија, коментира дека не е доцна Грција да направи нешто за да помогне во надминувањето на разликите и откочување на европската перспектива на нашата земја..

Меѓу другото, вели тој, Атина не им стави јасно до знаење на партнерите и сојузниците дека Договорот од Преспа, односно „новиот стратешки однос со Северна Македонија“ и стабилноста и напредокот на земјата, се стратешки избор и интерес што е од витално значење.

– Ако го имаше сторено тоа, можеби ќе беше потешко, толку лесно да се постават пречки на патот на Северна Македонија. Но, не е доцна Грција да направи нешто суштинско. Мислам дека Атина, дури и сега може да го појасни нејзиниот избор за соработка и стабилност и да покаже дека нема разбирање за активностите што ја поткопуваат, директно или индиректно. Последиците од ваквата активација на Атина ќе бидат позитивни за стабилноста и европската перспектива на регионот, истакнува Армаколас.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.