Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поволности за изградба на градинки и домови за стари лица

0
By Нова ТВ on January 5, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите локации во деталните урбанистички планови кои ги носат општините, а чија намена е изградба на домови за стари лица или детски градинки ќе се продаваат со почетна цена од 1 евро за метар квадратен. Субјектите кои стопанисуваат со земјиштето треба да ги намалат комуналиите за овие два вида објекти за 95 проценти.

Ова е предвидено со двата нови подзаконски акти кои ги донесе Владата за поттикнување за приватната иницијатива од областа на социјалната политика, односно можност за реализација на инвестиции во областа на изградбата на домови за стари лица и приватни детски градинки.

– Овие уредби се задолжителни за сите субјекти кои стопанисуваат со земјиштето без разлика дали тоа е централната власт или единиците за локална самоуправа, истакна Ѓорѓиев.

Според Ѓорѓиев, предвидени и четири поволни кредитни линии кои се реализираат преку Македонската банка за поддршка на развојот. Првиот е општата кредитна линија од Европската инвестициска банка, за обезбедување на финансиски средства со камата што ја субвенционира државата, а изнесува 5, 5 проценти.

Вториот кредит, е преку италијанскиот револвинг фонд што работи во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, третиот инструмент обезбедува кредитен фонд со гарантна шема кога државата учествува со поголема гаранција за повратот на средсвата од страна на приватниот субјект.

Четвриот, е кредитната линија за мали и средни претпријатија, чија предност е тоа што средствата можат да се добијат во денари, за разлика од останатите каде што средствата се пресметуваат во добивна вредност.

Портпаролот на Владата посочи дека и Агенцијата за вработување има предивдено средства кои можат да значат одреден придонес или субвенционирање на вработувања на лица кои потенцијално би работеле во овие домови или детски градинки.

Ѓорѓиев посочи дека досега за изградба на приватни детски градинки во ДУП на општините се предвидени 23 локации ширум Република Македонија, како и 14 објекти кои би можеле да бидат искористени за оваа намена. За домовите за стари лица се утврдени 35 локации ширум земјава и се лоцирани околу 50 – тина објекти за оваа намена.

Досега, имал над 40 правни субјекти заинтересирани за изградба на приватни детски градинки и над 60, за инвестиција за приватни домови за стари лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.