Дваесет и петгодишно лице од Куманово Б.Ф е повредено на плоштадот „Маршал Тито“, откако врз него паднал тврд предмет од зграда, информираше денеска полицијата.
Настанот се случил вчера во 20:42 часот. Екипа од кумановската полиција извршила увид на местото на настанот. Повреденото лице било пренесено во општата болница, за укажување лекарска помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Неофицијално, според Kumanovonews.mk, врз момчето паднал метален предмет, со којшто бил прицврстен еден од олуците на зградата.