Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повреден во несреќата му кажал на таткото: Автобусот одеднаш изгуби контрола

0
By Соња Петрушевска on February 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејствата на повредените патници во автобуската несреќа кај Ласкарци од утринава веќе можат да ги посетат своите најблиски во Градската болница „8 Септември“.

Азир Сефули, татко на еден од повредените

Азир Сефули чекаше во холот на Болницата за да го види својот син, 19 годишен студент на Архитектура кој е меѓу повредените патници што се згрижени во оваа болница.

Тој вели дека предност на посета имале роднините на патниците кои се потешко повредени.

– Мојот син има 19 години. Беше во автобусот на „Дурмо турс“ со кој секојдневно патува. Штом слушнав за несреќата веднаш дојдов во „8 септември“. За среќа, нема сериозни повреди. Се слушнавме телефонски и тој ми кажа дека одеднаш возачот на автобусот изгубил контрола и последно на што се сеќава е дека почнале да се превртуваат. Ништо повеќе не знаеше да ми каже. Важно е дека е добро, вели Сефули.

НОВА разговараше и со Ридван Бајрами, специјалист по дигестивна хирургија, раководител на Одделот. Ни рече дека вече 27 часа е на работното место.

Ридван Бајрами, ГОБ

-Ноќта беше стресна и тешка. Веднаш штом го добивме повикот од Брзата помош, сите беа повикани на работа: анестезиолози, специјалисти трауматолози. Во болницата беа присути повеќе од 90 проценти од целиот медицински кадар на болницата, вели Бајрами.

Во оваа болница се примени се 37 пациенти. Шестмина починале, четворица се и натаму во критична состојба. Последната операција е направена во 1 часот по полншќ и траела до 3 часот.

Од се што се случувало минатата ноќ, Бајрами како шокантен издвои еден, на млада 20 годишна девојка која дошла во Болницата конатктибилна и свесна.

-Ја примивме и со неа разговаравме. Одеднаш ситуацијата и се влоши и поставивме индикација дека има внатрешно крварење. Ја опериравме и имаше крварење во слезината. Операција заврши добро и таа е во стабилна состојба, рече Бајрами.

Од „8 септември“ велат дека засега располагаат со доволни резерви на крв и други материјали, како и со медицински кадар.

Се очекува денеска, најдоцна утре да заврши увидот на местото на несреќата, по што првично ќе се знаат причините за оваа најголема сообраќајна трагедија во земјава. Возачот е еден од повредените, но е пуштен на домашно лекување. Со него енаправен разговор.

Денеска и утре е ден на жалост.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.