Дваесетгодишната битолчанка која вчеравечер беше повредена на концертот
на „Сепултура“ во Младинскиот културен центар, се наоѓа на одделот за интензивно лекување при Хирушките клиники.
-Поради тежината на повредите на главата девојката е задржана на интензивна нега. Лекарите се исклучително внимателни во овој случај бидејќи се работи за специфична повреда со удар од висина. Неврохирург во текот на денот ќе одлучи како понатаму ќе се третира и дали ќе биде префрлена на Клиниката за неврохирургија, велат за НОВА од службата за информирање на Хирушките клиники.
Полицијата извести дека околу 23.30 часот, пред концертот гостин од публиката се качил на метален држач за рефлектори, но во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од 5,5 метри височина. Тој паднал директно врз девојката, станал и си заминал. Повредената битолчанка со возило на Итната на медицинска помош е однесена во Ургентен центар.