Љубомир Костовски: Средбата на нашата претседателка на државата со нејзиниот бугарски колега во Баку е мислам дебакл. Иако не знам никакви детали, ако ги имало, освен двете присутни знамиња и гушкањето. Едноставно, на трибината на МАНУ што се одржа по повод денот на ослободувањето на Скопје и Првото заседание на АСНОМ или само за АСНОМ иако можеше да биде и порано организирано, покажа дека Мицковски „на кама и нож“ се заколна дека ќе работи на ревидирање на двата договори – со Грција и Бугарија – како предавнички. Му се придружи и првиот човек на МАНУ со некаква слична конотација и остана само да констатираме дека одењата во Њујорк, Брисел и слични и слични места остануваат само туристички дестинации кои вредат да се посетат иако ве болат колената. Ако не престанат, по првото чудње, да не изолираат тотално и во НАТО и во ЕУ! Мерѓу Скопје и Баку имаше поврзани садови, а тоа не беа роднокрајните и други врски меѓу шефот на државата и премиерот. Во основа уметничкиот впечаток од Баку падна на испит по првите реченици на премиерот во „храмот на науката“.