Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поврзаноста на Столтенберг и Скопје:Именувана улица по неговиот татко

1
By Соња Петрушевска on September 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Годинава се навршуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес, но годинава и се збогуваме со големиот пријател на Скопје, Торвалд Столтенберг, чии дела скопјани се уште ги паметат, како и неговата несебична помош која ја даде по катастрофалниот земјотрес. Со негова помош се изгради Детската болница во Козле, норвешките бараки и имаше голема заслуга за координацијата на активностите на Црвениот крст на Шведска и Норвешка, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на именувањето на новата улица во градскиот Парк по таткото на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенбергова ќе се вика улицата пред Стадионот „Филип Втори“ на самиот влез на Градскиот парк.

-Судбината сакала овој град да е поврзан со семејството Столтенберг секогаш кога ни е тешко, додаде Шилегов кој се заблагодари на генералниот секретар на НАТО за помошта што ја дава на земјава. Искрено се надевам дека до година ќе биде генерален секретар и на Армијата на Македонија.

Столтенберг кажа дека бил мал кога се случил земјотресот во Скопје, но дека се уште ги памети разрушените згради.

-Во срцето на мојот татко секогаш имаше посебно место за Скопје и знам дека ќе беше почестен со именувањето на улица по него. Првиот пат го посетив Скопје во 60-ите години. Бев дете и мојот татко работеше во норвешката амбасада во Белград. Тој отсекогаш имаше посебна врска со Скопје, бидејќи ја координираше помошта што доаѓаше од Норвешка по земјотресот. Не се сеќавам на многу, но тоа засекогаш остави силен впечаток врз мене, рече Столтенберг на свеченоста која по овој повод се одржа во Градскиот парк, на која присуствуваат градоначалниците на сите скопски општини.

 

Столтенберг улица Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.