Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторна најава за изградба на „Титаник II“

0
By Marija Todorovska on March 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Автралискиот политичар, рударски магнат и милијардер, Клајв Палмер повторно ја оживеа замислата за изградба на „Титаник II“ – брод „далеку подобар од оригиналот“, како што самиот вели. Палмер своето излагање за проектот го имаше во Операта во Сиднеј.

Тој повторно вети дека неговата компанија „Блу стар лајн“ планира завршување на тој „луксузен брод од врвен стил“ со девет палуби, сала за бал, базен, турска бања итн.. Но, признава дека допрва треба да се обезбеди бродоградилиште.

Инаку, замислата на Палмер (70), за модерна, современа верзија на (не)славниот брод од почетокот на 20. век, потекнува од 2012 година. Работата на „Титаник II“ почна следните 2-3 години, но беше прекината во 2015., откако изби спор за плаќањето меѓу компаниите со удел во проектот.

На последната прес-конференција Палмер ја обвини и Ковид-пандемијата за одложувањата. Тој процени дека бродот ќе тежи 56.000 тони и ќе чини меѓу 500 милиони и милијарда долари. Според наводите, финската компанија за дизајн на бродови, „Делтамарин“ го поддржала проектот. Бродот „Титаник II“ би имал ист ентериер и распоред како и оригиналниот брод.

Но, политичарот вели оти „сега има повеќе пари“ и дека овојпат луѓето треба да му веруваат.

Првиот „Титаник“ удри во санта мраз за време на своето прво патување преку Атлантскиот Океан и потона на 15 април 1912 година. Тоа значеше смрт на приближно 1.500 патници и членови на екипажот.

„Титаник“ Клајв Палмер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.