За време на говорот на прославата на претседателската инаугурација на Доналд Трамп, Илон Маск направи гестикулации слични на нацистичкиот поздрав.
Тој го направи овој гест заблагодарувајќи се на поддржувачите на Трамп.
„Моето срце е со вас. Благодарение на вас е што е загарантирана иднината на цивилизацијата“, рече тој.
Поздравот го повтори и откако се сврте.
По низа критики за неговиот поздрав кој се поврзува со нацистички поздрав, Маск на платформата X објави „Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападот „сите се Хитлер“ е многу уморен“.