Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пожар во мотор четири“, алармирал пилотот и по пет минути украинскиот авион се изгубил од радарот

0
By НОВА ТВ Balaban on July 17, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција.

Пет минути откако ги информирал контролорите на летање дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион Антонов-12 се загубил од радарите, според податоците објавени од Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА),  јави дописничката на МИА од Атина.

Во деталното соопштение од ИПА информираат дека авионот полетал од Ниш со осумчлен екипаж и 11,5 тони опасен материјал (dangerous goods), а според планот на летање доставен од надлежните српски органи, авионот ќе летал за Бангладеш (Дака) со попатни станици во Јордан, Саудиска Арабија и Индија.

Во грчкиот воздушен простор влегол во 22:09 часот по локално време, а во 22:37 го известил Контролниот центар на регионот Атина- Македониа (КЕПАТМ) дека поради проблем (operation reasons) нема да продолжи до крајната дестинација и дека ќе се врати на аеродромот од каде што полетал.

– Во 22:42 часот летајќи источно од Халкидики ги извести контролорите на летање на приодот кон Солун дека има проблем со моторот број четири наведувајќи: „пожар во мотор четири“. Службата за цивилно воздухопловство веднаш прогласи вонредна состојба со активирање на соодветните предвидени процедури. Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција.

Веднаш потоа бил известен Националниот координативен центар за потрага и спасување за вонредната состојба, а потоа за губењето на комуникацијата, по што започнал процесот на лоцирање, пребарување и спасување.

Паралелно биле мобилизирани и сите надлежни органи, противпожарната служба, полицијата, цивилната заштита, Министерство за одбрана и локалните власти.

алармирал пилотот украинскиот авион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
ФОКУС

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

ВЕСТИ November 27, 2025

Бугарскиот парламент синоќа до полноќ беше блокиран откако околу 30.000 граѓани излегоа на протести поради…

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

November 26, 2025

Трамп: Виткоф со Путин, а Дрискол со Украинците ќе работат на завршување на мировниот план

November 25, 2025
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.