Попладнево избувна пожар во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во скопската населба Тафталиџе, интервенираа две возила на противпожарните единици, на две девојки е укажана итна медиинска помош
Пожарот избувнал во приземјето на зградата, а според првичните и неофицијални информации, причина за пожарот бил дефект на електричната инсталација.
Според командантот на противпожарната бригада на Град Скопје Благоја Менковски, огнот зафатил две простории на приземје, со површина од околу 50 метри квадратни. Нема потешко повредени, а се утврдува материјалната штета и причината за пожарот. Според студентите кои во паника излегле од студентскиот дом, собата била празна, јавува МОФ.