Во експлозијата во центарот на Прага нема повредени Македонци, изјави за МИА амбасадорот во Чешка Паскал Стојчески.
По контактите на амбасадата со надлежните органи се добиени информации дека меѓу повредените 35 луѓе во експлозијата која се случи во зграда во непосредна близина на Филмската академија за сценски уметности каде студираат десетина македонски студенти, нема повредени државјани на Македонија.
Четири луѓе се водат како исчезнати по експлозијата која урна зграда во туристичкиот дел на чешкиот главен град.
Портпаролот на полицијата Томаш Хулан истакна дека се уште не е познато кои се причините за експлозијата, но веројатно се работи за експлозија од гас.