На избирачкото место во училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, пратеник и неговиот син физички нападнале висок функционер на СДСМ, чии имиња ќе ги објавиме после 19 часот, кога истекува изборниот молк.
Екипата на НОВА е на терен. Повеќе информации во текот на денот.
Денеска во Шутка забележани се неколку нерегуларности. Организирано се превезуваат гласачи до гласачките места со автомобили кои на десниот агол од шофершајбната имаат залепено хартија со бројот 1.
Неколку такви автомобили кружат низ Шуто Оризари, ги земаат гласачите од домовите, ги носат до гласачките места да гласаат, а потоа во придружба ги спроведуваат до самото место на гласање, од автомобилот до гласачкото место.
НОВА ќе информира за понатамошниот тек на гласање во Шуто Оризари.