Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, каде се разговара за последните политички случувања, истакна дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.
Меѓу другото, тој додаде дека најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.
– Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам (Алтернатива) утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат“, рече Реџепи за ТВ21.
Претходно од неговата матична партија Алтернатива соопштија дека во среда ќе го соопштат финалниот став во врска со иницијативата за гласање доверба на владата. Вечерва имаа состанок на највисоките партиски тела, но сеуште не го усогласиле ставот .