Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ќе можат да закупат стан во Скопје до 300 евра месечно

0
By Соња Петрушевска on July 5, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците ќе можат да изберат дали ќе патуваат од местото на живеење до Собранието или ќе закупат стан во Скопје. За кирија за стан во Скопје ќе се плаќа најмногу до 300 евра месечно.

Деталите за ваквиот предлог за кој се согласиле и пратениците од власта и од опозицијата треба да биде регулиран со посебна одлука со која ќе се потврди и висината на киријата. Со Законот за именувани функционери, владините министри  имаат право на закуп на стан во Скопје до 400 евра месечно кирија, замениците министри до 300 евра, а директорите до 250 евра.

Собраниски извори за НОВА ТВ велат дека најголем број од пратениците кои живеат најдалеку од Скопје, се согласиле да престојуваат под кирија во Скопје наместо секојдневно да патуваат до дома.

Оние пратеници кои ќе решат да патуваат, ќе добиваат помали патни трошоци. Со измените на Законот за пратеници кои беа усвоени од Комисијата за политички систем, се предвидува намалување на  досега утврдените 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар на 20 проценти.

Според актуелните цени, литар бензин чини 73 денари, а пратениците, наместо како до сега кога добиваа по речиси 22 денари, од сега за секој изминат километар ќе земаат по помалку од 15 денари. Или ако еден пратеник поминува 100 километри до Собранието и уште 100 километри до дома,  патувањето до работа, за еден пратеник и за еден ден ќе го чини буџетот 3000 денари.

Годинешниот буџет за патни трошоци во Собранието изнесува 1 300 000 евра. Со намалувањето на патните трошоци, според собраниски извори, се очекува трошоците да се намалат за околу 40 проценти.

Намалувањето на патните трошоци следува по бурните реакции во јавноста за високите износи што им се исплатуваа на пратениците. Истражувањето на СКУП покажа дека од 2010 година до 2016, само за патни трошоци на еден македонски пратеник просечно му се исплатени по околу 40.000 евра. Во истиот период во Словенија, за патни но и за други трошоци, на еден пратеник просечно му биле исплатени 36.000 евра, во Бугарија 19.000 евра, во Хрватска – 14.000 евра и во Косово – само 6.000 евра. За 2017 година, највисока сума за патни трошоци за девет месеци му била исплатена на пратеникот од Струга Алија Камбероски од ПЕИ – 12 847 евра, на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска  од Битола, која за овие девет месеци добила 11.736 евра, и на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, која зела 11.435 евра.

Претседателот на комисијата за политички систем Александар Кирацовски вели дека сега нема да има простор за злоупотреба на парите од даночните обврзници.

Според новите пресметки, пратениците кои земале по 100 илјади денари месечно за патни трошоци, сега според новиот закон ќе земаат по околу 60 илјади денари. И тоа, ќе треба да го оправдаат со фискална сметка за гориво и за патарина.

 

 

 

 

патни трошоци пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.