Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот во Собранието на претседателката на европската комисија Урсала фон дер Лајен подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик каде стои:
– Да за ЕУ, не за асимилација !
– Ние сме Македонци не бугари
– Бугарија, засрами се
– Нема иднина без историја
– Македонија не е на продажба
– СДСМ предавници на народот
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена, низ улиците на главниот град, се наведува во партиското соопштение.