Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците расправаат професорката Родна Живковска да биде уставен судија

0
By Соња Крамарска on June 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Професорката на Правниот факултет Родна Живковска е кандидатка за уставен судија на ВМРО-ДПМНЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2022 12:29

Комисијата за избори и именувања со задоцнување од половина час  ја продолжи расправата за избор на уставни судии откако од девет предложени вчера го утврди само предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија. Комисијата треба да се произнесе уште за осум судии. Претседателката на Комисијата Марија Георгиевска денеска отвори расправа за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Родна Живковска, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, да биде уставен судија. 

– Ќе беше посоодветно ако им дозволевме на самите кандидати да се претстават, а ние да им поставуваме прашања, но за жал тоа не беше поддржано од парламентарното мнозинство, забележа пратеникот Антонио Милошоски кој ја отвори расправата.

Милошоски наброја неколку научни трудови од професорката и посочи дека била член на Адвокатската комора како и на други организации со меѓународен углед истакнуваќи дека станува збор за истакнат правник затоа што во својата област покажала забележителни резутати и објавила трудови не само во домашни стручни списанија, туку и во меѓународни. Според Милошоски неспоредливи се постигнувањата на професорката Живковска со постигнувањата на кандидатката на СДСМ Тања Васиќ и затоа заслужува и треба да ја добие поддршката за да стане член на Уставниот суд.   

-Кандидатката Тања Васиќ нема напишано ниту учебник или каков и да е друг труд, ниту пак има некакво достигнување што би ја истакнало во правната фела, додаде Милошоски.

Пратениците се очекува  да ги разгледаат и предлозите за уставни судии  – републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски  судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ. (С.М.)

Антонио Милошоски предлози за уставни судии Родна Живковска собраниска комисија за избори и именувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.