Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред 116 години на денешен ден Емил Зола – „Обвинувам“

0
By Нова ТВ on January 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешен ден, 13 јануари 1898 година, славниот француски романсиер, новинар, книжевен теоретичар и социјален критичар Емил Зола го објавил својот напис во веникот „Л’Орор“ под наслов „Обвинувам“.

Во своето отворено писмо до претседателот на француската Република ја обелоденил аферата „Драјфус“, обвинувајќи ја француската влада за монтираниот судски процес и корумпираноста на судството, како и за дискриминацијата на Евреите во тогашното француско општество, енергично барајќи од францускиот државен врв обнова и ревизија на целокупниот процес во кој иако невин, бил осуден капетанот Алфред Драјфус.

Во 1894 година Драјфус бил осуден на доживотна робија поради наводно оддавање на воени тајни на Германија. Афера која експлодирала како политички скандал кој ја поделил Франција кон крајот на 19 век.

Имено, тајните служби во 1894 година откриле попис на тајни документи кои некој чиновник сакал да им ги продаде на Германците. За овој чин го обвиниле капетанот Алфред Драјфус иако тој немал никаква врска со тоа. Драјфус бил изведен пред воениот суд каде против него биле измислени докази и по одржаното судење го прогласиле за виновен.

Недолжниот еврејски капетан притоа доживеал јавно понижување и одземање на сите чинови. Била направена цела парада при што луѓето од насобраниот народ почнале да му ги симнуваат еполетите од униформата, па дури и панталоните, така што на крајот останал простум само во сако. По улиците на Париз почнале да се одржуваат протести на кои биле истакнати пароли „Смрт на Евреите“.

Самиот Драјфус по пресудата бил затворен на Пеколниот остров близу Француска Гвајана.
Наговиот адвокат сето тоа му го раскажал на Зола. Вџашен од деталите на целата сторија славниот писател веднаш реагирал објавувајќи го споменатото отворено писмо на насловната страница од весникот „Л’Орор“.

На обновениот судски процес Алфред Драјфус конечно бил прогласен за невин и ослободен од сите обвиненија. По шест години бил унапреден во чин мајор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.