Во Општина Центар предмалку се одржа прес-конференција на советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, која информираше дека градоначалникот Андреј Жерновски свикал седница надвор од процедурата- наместо да бидат советниците известени писмено, добиле СМС пораки по мобилен телефон.
Рангелова го повика Жерновски да излезе пред граѓаните и да се соочи со нив, негодувајќи зошто вратите на Општината се заклучени со катанци.
На новинарско прашање за нејзиниот став за насилството и инцидентите во петокот, Рангеловска изјави:
-Не поддржувам насилство, но граѓаните мораат некако да го изразат револтот.
Во моментов ситуацијата е мирна, пред Општината се наоѓаат неколку стотина незадоволни граѓани, во очекување да започне седницата.
Во видеото можете да погледнете како советничката Рангелова се однесуваше за време на седницата во петокот, истата која што цело време му велеше на претседателот на Советот на Општината дека не може да се води расправата заради удирањето на демонстрантите по бараката.