Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред полноќ: Наместо гласање, Џафери ја прекина седницата за имунитетот на Вељаноски

0
By Нова ТВ on February 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повеќе паузи и расправии, наместо да се гласа, претседателот на Собранието Талат Џафери непосредно пред полноќ ја прекина пленарната седница на чиј дневен ред беше гласањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски. Намест објаснување, тој рече дека јавноста дополнително ќе биде известена за продолжението на седницата.

Синоќешната расправа беше иницирана од барањето на Основен суд Скопје I Скопје, да му се одезме имунитетот на пратеникот Вељаноски поради постоење на основно сомнение дека е сторено кривично дело-терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет, а синоќа не беше присутен на седницата.

Седницата беше закажана вчеравечер, по дискусии дали треба да се одржи, бидејќи Комисијата за мандатно имунитетни прашања, претходно, гласаше нерешен 4 спрема 4 и не донесе конкретна препорака.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека правно, Собранието нема за што да расправа затоа што немало заклучок од Комисијата, а власта нагласуваше дека седницата за одземање на имунитетот е закажана согласно Деловникот.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во текот на расправата изјави дека одлуката за одземање на имунитетот е донесена на друго место, а како што рече „тука треба да се изврши само егзекуцијата“.

-Продолжувате со тема за која рековте дека треба побрзо да се заборави, за која формиравте и тело за помирување кое нема да си ја заврши работата. Вам пратеници од СДСМ интенцијата не ви е да има помирување во Македонија, туку да работите на начин својствен и познат за вас. Колегата Трајко Вељаноски беше повикан да даде изјава во јануари 2018, дал изјава во обвинителството, на која се пријавил, бил пруситен. Потоа беа поднесени обвиненија и обвинителен акт за 33 лица,меѓу кои не беше Вељаноски, рече тој.

Напомена дека овој парламентарен состав по осми пат расправа за одземање имунитет на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

-Или во две години имаме на три месеци расправа за имунитетот. На 25 отсто од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и е одземен имунутетот, додаде Мицевски и нагласи дека ваквото однесување може да ја натера опозицијата да го размисли своето учество во реформските процеси.

Пратеникот од СДСМ и претседател на надлежната Комисија, Павле Богоевски истакна дека Комисијата не е таа која цени барање на суд и изрази изненадување од ставање под знак прашање на реформските процеси.

Додаде дека се поставува според барањето на судот и Собранието нема право да ги попречи судските процеси.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ со забелешка дека Комисијата не донела заклучок.

-Што ќе стави сега Џафери на гласање, има извештај, ама нема предлог-заклочок. Штом нема предлог-заклучок од комисија нема точка, рече тој.

Пратениците од СДСМ се повикаа на Деловникот. Во членот 53 ставот пет се наведува дека претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.

-А претседателот на Собранието во рок од три дена закажува седница на која се носи одлука. Комисијата не носи одлука, оттаму вашето тврдење дека одлуката е донесена на Комисијата не е точно бидејќи тоа не е согласно Деловникот, изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, која е потпретседател на надлежната Комисија.

Џафери побара од пратениците да престанат да го толкуваат Деловникот, оти тоа не е во нивна надлежност и нагласи дека тоа може да се прави единствено во Законодавно-правната комисија.

Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвинителството е продолжена рака на извршната власт и додаде дека „прашање на денови е кога на власта кога треба нешто да се покрие, обвинителството се активира“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.