Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предан: Словенечкото претседателство ќе стори се за да се реши прашањето меѓу Скопје и Софија

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечкото претседателство со ЕУ е многу мотивирано да го реши прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија. Веќе има интензивна комуникација помеѓу нашето претседателство со Софија, со Брисел и со други земји членки на ЕУ. Би сакале да добиеме што е можно поскоро јасна слика за одредени позиции и не би сакале да чекаме до декември, туку доколку е можно порано да го решиме ова прашање.

Ова денеска го изјави словенечкиот амбасадор во земјава Милан Предан, презентирајќи ги приоритетите на словенечкото претседателство со Европската Унија на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието.

За словенечкиот амбасадор потребна е политичка волја и прагматизам од двете страни. Тој нагласи дека не можат да ветат политички чуда, бидејќи, како што рече, во меѓународната политика тоа што можеме да го ветиме е напорна работа, тивка дипломатија.

Предан најави дека една од поважните приоритети на претседавањето на Словенија ќе биде проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

– Тоа ќе биде многу високо на нашата агенда. Нашиот главен настан на високо ниво што планираме да го направиме ќе биде Самитот ЕУ – Западен Балкан, на Брдо на 6 октомври и искрено се надеваме дека тогаш веќе ќе имаме, ако не одлука, барем една чиста перспектива, односно чисто гледиште како прашањето меѓу Софија и Скопје може да се реши, истакна Предан.

Амбасадорот посочи дека Словенија, по обидите на двете претходни претседателства, на Германија и на Португалија, ќе направи трет обид да се реши прашањето меѓу Скопје и Софија, согледувајќи ја политичката ситуација во соседството, и изразувајќи надеж дека Софија набрзо ќе формира нова Влада.

– Во овој момент не можам да навлезам подетално. Свесни сме за вашите црвени линии, треба да видиме со нашите пријатели од Бугарија каде тие, односно како ние можеме да ги акомодираме нивните барања. Ние сега како претседателство мора да покажеме одредена неутралност. Клучното прашање не е кој е во право во овој спор, туку како да дојдеме до решение кое што двете страни ќе го презентираат пред својата јавност и да добијат некој генерален договор. Тоа е решението, оцени Предан.

Според него, предлогот на португалското претседателство, којшто веќе е предлог на Претседателството, е добар балансиран предлог што се грижи за двете страни и оти во решавање на ова прашање добрата страна е што не се почнува од нула.

-Разбираме дека овој предлог беше направен со цел да се добие зелено светло за почнување преговорите во јуни, но мислам дека овој документ би можел да биде основа за изнаоѓање на можно и разумно решение. Ни треба политичка волја и прагматизам од двете страни. Како што реков, веќе работиме на тоа. Не можеме да ветиме, веќе реков, не можеме да ветиме политички чуда затоа што во меѓународната политика тоа што можеме да го ветиме е напорна работа, тивка дипломатија, дециден е тој.

Словенечкиот амбасадор подвлече дека доколку успеат да го одблокираат овој процес, тоа ќе биде позитивен сигнал за целиот регион.

-Исто така, се потпираме на двете страни дека тие ќе ги потиснат своите емоции затоа што ни треба одредено ниво на заедничка доверба за да стигнеме до договор, и во тој случај мислам дека со сите овие документи што се подготвени можеби има шанса тоа да се постигне, да дојдеме, да стигнеме до решение до Самитот во Брдо на ЕУ и Западен Балкан. Дури за мојата земја Словенија, знаеме дека имаме 30 години одлични односи, мислам дека свесни сме дека ќе имаме политички капитал за следните 20 години. Тоа е уште една мотивација за нас знаејќи дека не се работи само за Северна Македонија, туку се работи за целиот регион, рече Предан.

Тој е оптимист дека би можел да се постигне некој договор и во заедничката Комисија за историски прашања.

– Мислам дека дебатата ќе се смири меѓу двете земји и дека ќе се постигне некој договор, дури и во рамките на историската комисија ќе биде направен напредок и нашата стратегија е дека мораме да дојдеме до решение при што сите овие прашања на идентитетот, јазикот мора да бидат ставени на страна, а процесот на интеграција да се придвижи и ќе има доволно можности за време на процесот на преговори да се решат дел од овие прашања. Знаете дека ЕУ мисли дека не треба да се вклучуваат билатералните прашања во процесот на интеграција и на тоа ќе мора да работиме, како да акомодираме одредени барања на соседните земји, рече Предан.

Тој на крајот додаде дека за имплементација на Добрососедскиот договор веќе има некои идеи на маса, без да навлезе во детали, оставајќи го тоа, како што рече, на тивката дипломатија.

– Знам дека сте уморни од ветувања и не сакаме да направиме следниве шест месеци да бидат повторно ветувања коишто нема да можеме да ги исполниме. Тоа е тоа што имав јас да го кажам од моја страна, заклучи словенечкиот амбасадор.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека го разбира разочарувањето на граѓаните во изминатите месеци, поради неотворањето на преговорите за членство.

– Ние ве поддржуваме и ве охрабруваме. Европската Унија е тука за Северна Македонија, беше и за време на пандемијата и ќе продолжи да пружа помош на сите можни начини, и на економски и на инвестициски аспект, рече Гир.

Евроамбасадорот истакна дека ги поздравуваат сите напори на претходните претседателства во однос на отворањето на преговорите и притоа ќе ја поддржат и Словенија, за што побрзо да се дојде до одлуката.

– Европската перспектива за Северна Македонија не е доведена во прашање. Сите лидери на земјите-членки на ЕУ и сите институции на Унијата потврдуваат дека нема друга алтернатива за С Македонија од влезот во Европската Унија. Сите заедно треба да работиме за да ги решаваме отворените прашања и да ги почнеме преговорите што е можно поскоро. Секој чекор во имплементација на реформите поврзани со ЕУ е еден чекор поблизу до Унијата. Реформите не се само за ЕУ туку се во интерес и на граѓаните, рече Гир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.