Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог-законот за минимална плата на пленарна седница – за власта постигнато било долгорочно решение во интерес на работниците, опозицијата и натаму инсистира на скалесто покачување на сите плати

0
By Biljana on February 21, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
Фото: Printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почна општиот претрес по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на редовната 62 пленарна седница во Собранието, откако тој во второ и трето читање ги мина матичните Комисии за труд и социјала и законодавно-правната.

Предлог законот пред пратениците го образложи министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која рече дека новото законско решение било подготвено низ еден инклузивен и транспарентен процес преку  дијалог со социјалните партнери, работниците и работодавачите.

Јованка Тренчевска, министер за труд и социјална политика

„Низ тој дијалог се донесе решението кое е општо прифатливо за сите партнери, а поддршка дадоа и Синдикатите. Очекуваме дека со порастот на минималната плата, ќе се влијае на порастот и на другите плати во индустријата што ќе придонесе за поквалитетен живот на сите работници“, рече Тренчевска.

Во однос на зголемувањето на останатите плати, надвор од минималната, министерката Тренчевска вели дека тоа е регулирано со Колективните договори.

Пратеничката од Алијанса за Албанците, Илире Даути им забележа на пратениците од власта дека не ги прифатиле нивните амандмани.

„Како пратеничка група, во Комисијата за труд и социјална политика, отидовме подготвени со амандмани со цел да го подобриме квалитетот на Законот како би се зголемиле и останатите плати во јавниот сектор. Баравме зголемување на буџетот за дополнителни 4 милиони евра со кои ќе бидат покриени сите даноци поврзани со зголемување на минималната плата, се со цел овој товар да не падне врз грбот на стопанствениците“, рече пратеничката Даути.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повторно побараа скалестото покачување на платите да биде опфатено со Предлог законот за минимална плата. Оттаму алармираат дека потрошувачката кошничка за 30 дена се зголемила за дополнителни 700 денари, поради што велат потребно било зголемување на сите плати, а не само на минималната.

Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„Ние бараме Владата да ги почитува колективните договори кои самата ги има потпишано, а со тоа да се спречи феноменот на урамниловка. Веќе реагиравме дека вака, како што е конципиран, Законот ќе доведе до ситуација во која од 16 позиции во градонките на 9 позиции да има порамнување на платите, или пак кај средните училишта, од 10 работни позиции, кај пет да има порамнување, со што ќе се изгуби вредноста на коефициентот на сложеност на работните места“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски и апелираше до  Владата во рок од 30 дена да се направи усогласување на Законот за минимална плата со Колективните договори, а тој што нема да го почитува усогласувањето да сноси кривична одговорност.

Предлог измените на Законот за минимална плата се резултат на постигнатиот договор помеѓу социјалните партнери, Владата, Сојузот на синдикати и Организацијата на работодавачи. Преговорите доведоа до утврување на нова методологија за пресметка на минималната плата, која според надлежните, треба да обезбеди долгорошно решение за раст на минималецот без разлика која политичка партија е на власт.

Критериумите од новата методологијата предвидуваат годишно усогласување  на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот, а висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика.

Откако Законот ќе мине во Собрание 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари, или или 61.8% од просечната плата во земјата. Платата ќе се исплаќа на почетокот на април.

Во моментов 72.000 работници земаат минимална плата од 15.200 денари.

(Б.Божиновска)

ЗА ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 18.000 ДЕНАРИ СОБРАНИЕ РСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.