Грчката влада исклучи одржување на предвремени избори откако викендов полицијата уапси повеќе пратеници на екстремно десната партија Златна зора.
По оваа акција, во која во притвор завршија лидерот на партијата, уште пет пратеници и 15 милитанти на партијата осомничени за учество во „криминална организација“, грчкиот печат најави дека се можни предвремени избори доколку 18те пратеници на Златна зора дадат оставка.
„Нема сценарио за предвремени избори, тоа би било опасно за економијата и за политичката и социјалната стабилност на земјата“, изјави Венизелос додавајќи дека пратениците на Златна зора „нема да се осмелат да дадат оставки“.