Четириесет и тригодишна жена од Македонија загина во сообраќајна несреќа во Драч, Албанија, јавија албанските медиуми.
Според првичните информации, несреќата се случија во населбата Аполонија, во приморскиот град Драч. Жената била прегазена од автомобил кој го управувал албански државјанин, 31-годишниот Олтин Тхана.
Станува збор за 43 годишната Дашурие Османи од Дебар, јавува Макфакс.