Авганистан ги прекина преговорите кои се во тек во Кабул на билатералниот безбедносен договор со САД, јавува Си-Ен-Ен.
Портпаролот на претседателот Хамид Карзаи изјави дека одлуката е донесена во знак на протест поради недоследности во предложените американски директни разговори со Талибанците.
Несогласувањата се однесуваат на име дадено на канцеларијата на Талибанците, која беше отворена во Катар, во вторникот, изјави портпаролот.
Американско-авганистанските разговори се однесуваат на утврдување на природата на американското воено присуство со странски војници, кои се повлекуваат во 2014 година.