Прекшено договореното хуманитарно примирје меѓу Израел и Палестинците. Израелската војска тврди дека три минофрлачки гранати биле истрелани од Појасот Газа на нивна територија.
„Три минофрлачки истрели беа упатени од Газа кон округот Ешкол“, соопшти израелската војска.
Инцидентот се случил околу 11 часот, односно два часа откако примирјето стапи на сила.
Се уште нема извештаи за жртви или некаква штета. Хамас не ги коментираше наводите. Примирјето е по барање на ОН.