Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку 112 бројот за помош најдени две странски семејства кои со возила се изгубиле во мариовско

0
By Mirjana on June 11, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, во доцните дневни часови – пред стемнување, (со пронаоѓање во 19.15 часот), успешно се реализираше акција на спасување изгубени семејства, од странство во два автомобила, 5 возрасни заедно со 4 дечиња залутале во нашата држава и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина. Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион. Семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што, како што информиравме, до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон.

Конкретно, хронолошки, информираат од ЦУК, околу 16,00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзани со лицата коишто биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде што постојано се комуницира со изгубените на којшто им е наложено да чекаат помошта да дојде после нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информации семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата, во кои имало пет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго. Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи е веднаш стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово. Дежурните оперативци од РЦУК Велес се во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, а и со колегите од МВР. По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и после објавувањето на оваа информација се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба, информираат од ЦУК.

ПРЕКУ 112 СПАСЕНИ ДВЕ СТРАНСКИ СЕМЕЈСТВА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

ВЕСТИ September 30, 2025

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет одржа говор во Пентагон пред повеќе од 800 врвни…

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.