Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку петиција се бара oслободувaње за велешанката Пале обвинета за убиство на полицаецот

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: duma.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преку онлајн петиција, роднини бараат слобода за 23-годишната Пале Иловска од Велес и условна казна за девојката обвинета за убиство на нејзиниот партнер, бидејќи го убила во самоодбрана, објавува ТВ24.

Иницијатор на петицијата, којa се претставува како нејзина прва братучетка, вели дека Пале била девојка без родителска грижа, која уште како малолетна пронашла утеха во погрешна личност. Се скарала и со сестра си, бидејќи нејзиниот партнер, по смртта на таткото, барал целата куќа да и биде препишана на Пале, а имало и инцидент, кога поради тоа, тој ја нападнал нејзината сестра,

„Поранешните сопруги на А.Р. имале каде да се вратат, кај своите родители, а мојата братучетка останува сама, заробена во својата куќа. Никогаш досега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што сама се справувала. Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопствениот живот. Верувајте ми, душата ме боли. Еве ви ја вистината и се надевам ќе се најдат добри луѓе кои би помогнале, би се бореле за неа, до неа, да добие условна казна“, се вели во петицијата.

Несомнено е дека убиството во самоодбрана може да биде олеснителна околност, но не и причина за ослободување од казна, тврдат правници за ТВ24.

Убиството се случи пред три дена, кога 40-годишниот маж, кој инаку бил полицаец, дошол дома половина час пред полноќ, а три часа подоцна, повикана е брза помош, која констатирала смрт, поради убодна рана од нож во градите.

велешанката обвинета Ослободување Пале Иловска петиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.