Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, премиерно ќе биде прикажан краткиот игран филм “Мал дисконтинуитет во времепросторот”, по сценарио и режија на Гоце Цветановски. Главните улоги ги имаат Висар Вишка и Драгана Левенска.
Покрај проекцијата на филмот, во фоајето на Кино Фросина ќе се одржи и изложба на фотографии, илустрации и стрип табли од Жарко Иванов, Ѓорѓи Митревски, Тања Вукобрат и Иванчо Николов, а предвидени се и неколку музички изненадувања.