Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на култниот двоец Унковски-Стефановски- “Огнени јазици”

0
By Нова ТВ on November 2, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва се одржува премиера на „Огнени јазици“ на култниот режисерско-писателски двоец Слободан Унковски- Горан Стефановски, во Драмски театар.

Претставата ги анализира предизвиците од преводот, преку примерот на Кирил и Методиј и нивното преведувачко дело.

Зачуден што досега немало драма за браќата заслужни за словенската писменост, Стефановски пред неколку години почнал да ја истражува византиската историја, да собира материјали од проучувачи на делото на тие, како што рече, маченици на преводот, со кои почнала војната меѓу кирилицата и латиницата, меѓу Истокот и Западот.

– Отсекогаш знаев дека Кирил и Методиј го посветиле својот живот на преведување и ширење на Светото писмо на словенски јазик, но полека почнав да сфаќам дека тие се големите светци и великомаченици на преводот воопшто. Целиот живот го посветиле во напори светот подобро да се разбере, а проблемите кои се обидувале да ги решат во 867 година се отворени и ден денес. Не случајно тие се светци заштитници на Европа, рече Стефановски на прес-конференцијата оваа недела, по повод премиерата.

Содржински, централен мотив е преводот и неговата возможност, ставањето крај на збрката на јазиците и можноста луѓето да се разберат.

– Драмата е апологија на интелектуалниот подвиг и духовното мачеништво на Кирил и Методиј на фонот на вековната борба меѓу световите на кирилицата и латиницата. Драмата ги варира апсурдите на изгубеноста во преводот и „расипаните телефони“, изјави Стефановски.

Режисерот Унковски вели- претставата надвор од политиката говореше за македонските состојби.

– Претставата е за Македонија денес, за идентитетот, јазикот, за духовните состојби. Говорејќи за јазикот, за духот на нацијата, ние говориме за историјата, за браќата Кирил и Методиј, рече Унковски.

Како и во пиесата „Чернодрински се враќа дома“ во која не се појавува насловниот лик, и во овој текст на Стефановски нема да се појават ликовите на Кирил и Методиј иако се „длабоко присутно-отсутни“.


Жанровски драмата е трагикомедија и во функција на жално-смешните страни се двата антиподни лика од македонската народна традиција – Болен Дојчин и Итар Пејо, кои ќе ги играат актерите Благој Веселинови Драган Спасов-Дац.

Во претставата од 2,5 часа (со една пауза) учествуваат и Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Зоран Љутков, Соња Стамболџиоска, Диме Илиев, Игор Ангелов, Билјана Драгичевиќ-Пројковска. Златко Ориѓански е автор на оригинална музика, костимите ги изработи Ивана Кнез, сценскиот дизајн е на Игор Тошевски, и тоа е негова прва сценографија, автор на анимациите Денис Сарагиновски и на плакатот – познатиот графички дизајнер Мирко Илиќ.


Оваа претстава крена бура во јавноста откако уметникот Златко Ориѓански, автор на музиката на претставата оваа недела преку ФБ и се обрати на министерката за култура, барајќи елементарни услови за работа.

-Почитувана министерке Канчевска-Милевска (како бевте не се сеќавам) ама морам повторно јавно да ви се обратам. Аман имајте милост.

Ако не знаете, да дознаете дека, во Драмски театар Скопје два месеца се подготвува театарската претстава „Огнени јазици“ по текст на Горан Стефановски во режија на Слободан Унковски. Два месеца глумците работат на студено, без парно. Ноќеска пробата заврши во 2 часот по полноќ.

Ве молиме смилувајте се, откажете некој коктел, некое патување, откажете некој Шампањ, некоја дебела пастрмка и овозможете им на глумците да се чувствуваат ко луѓе кои нешто прават и даваат за оваа земја.

Па таман позајмиле некој долар и од Субрата Рој. Но,ако ништо не направите, а планирате да дојдете на премиера, да бидете облечени ко за на скијање во Маврово… најмалку, напиша маестро Ориѓански на ФБ.

Министерството за култура излезе со реакција по обраќањето на уметникот Златко Ориѓански на ФБ до министерката Канчевска, Во реакцијата на Министерката се велеше:

– Со жалење го констатираме елементарното непознавање на Златко Ориѓански во поглед на надлежностите на министерството.

Да потсетиме: Министерот за култура не е ниту директор на Топлификација, ниту директор на Драмски театар – Скопје, чија надлежност е да ја менаџира работата на оваа институција. За домашното воспитание и личната култура на Златко Ориѓански манифестирана во јавноста едноставно немаме коментар

На крајот, сакаме да информираме дека Министерството за култура со задоволство ќе присуствува на премиерата „Огнени јазици“, во режија на Слободан Унковски, по текст на Горан Стефановски, а по музика на Златко Ориѓански, бидејќи истата се реализира и финансира благодарение на Годишната програма на Министерството за култура, напиша во реакцијата на Министерството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.