Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерката на Финска е за скратување на осумчасовниот работен ден

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финската премиерка Сана Марин денеска повика да се скрати сегашниот осумчасовен работен ден, нагласувајќи дека покусо работно време може да се компензира со зголемена продуктивност.

Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската Влада да го отворат патот за скратување на работниот ден, во услови на зголемена невработеност предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

– Мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да се придвижи кон покусо работно време, а вработените во Финска кон подобар работен живот, рече 34-годишната лидерка пред членовите на нејзината партија, кои вчера ја избраа за претседателка на социјалдемократите.

Марин, која е една од најмладите премиери во светот, ја предводи финската Влада на левиот центар од декември 2019 година, откако еден од сојузниците во коалицијата го натера нејзиниот претходник Анти Рине да поднесе оставка.

Заедно со Рине, кој беше на чело на партијата до вчера, Марин ја насочи владата налево, кревајќи ги пензиите и укина дел од намалувањата на трошоците на претходната влада.

Претходно денеска, нејзината партија во дебата го отфрли предлогот за експериментирање со шестчасовен работен ден, и наместо тоа усвои предлог за скратување на часовите или воведување поголема флексибилност во работниот живот.

Марин рече дека покусо работно време би било можно со зголемување на продуктивноста и дека нема да биде во судир со силните јавни финансии или целта на Владата да ја зголеми стапката на вработеност од сегашните 73,7 проценти на најмалку 75 проценти.

– Богатството што го носи зголемувањето на продуктивноста на трудот мора да се дели не само меѓу сопствениците и инвеститорите, туку и со обичните работници, рече таа.

Таа повтори дека Владата планира да инвестира во образованието и има за цел да ја направи Финска јаглерод-неутрална до 2035 година, повикувајќи на зелени инвестиции за зајакнување на економијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
ФОКУС

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

ВЕСТИ October 10, 2025

Илјадници Палестинци почнаа да одат кон северна Газа, неколку часа откако израелската армија објави дека…

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025
ТИКЕР

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.