Мицкоски: Во Брисел само што ја завршивме пријателската средба со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта.
Разговаравме за актуелните теми, приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите.
На состанокот ги повторивме нашите единствени позиции кои што навистина се позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија.
Покрај приближувањето кон ЕУ и отпочнувањето на преговорите, имаше уште неколку проекти кои што се за нас стратешки важни, тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово.

