Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Заев и амбасадорката Брнз: Ние сме пример како две држави од соработка развија партнерство и сојузништво

0
By НОВА ТВ on September 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја Кејт Мари Брнз која на почетокот на средбата го изрази своето, како и сочувството на народот на САД за жртвите од пожарот во модуларната КОВИД-19 болница во Тетово.

Премиерот Заев информирал дека е во тек сеопфатна истрага за случајот во која покрај домашните, се вклучени и експерти од СР Германија во делот на форензиката за да се утврдат најточните причини за пожарот со трагични последици.

-Претседателот на Владата Заев и амбасадорката Брнз истакнаа дека денешната средба се остварува на денот кога пред 26 години двете земји воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади, дека Северна Македонија и САД продолжуваат да ги продлабочуваат меѓусебните односи и соработка, како и застапувањето и афирмацијата на заедничките вредности во НАТО. Амбасадорката Брнз се заблагодари за поддршката на Република Северна Македонија во прифаќањето на граѓаните на Авганистан и нагласи дека гестот на нашата земја е силна порака како постапува земја сојузник и членка на НАТО, пишува во владиното соопштение.

На средбата станало збор и за соработката меѓу двете земји на економски план, при што бил поздравен интересот на американските компании да бидат дел од процесите за транзицијата на од фосилни кон обновливите извори на енергија, што доаѓа како резултат на позитивните политики што на овој план ги спроведува Република Северна Македонија.

Како позитивна била оценета определбата на Владата за справување со корупцијата при што било истакнато дека кампањата за борба против оваа појава има за цел не само да ја промени перцепцијата, туку и системски да ги елиминира причините за коруптивно однесување.

Премиерот Заев во разговорот со амбасадорката Кејт Брнз истакнал дека процесите за почеток на локалните избори, како и текот на пописот се одвиваат според предвидената и очекувана динамика.

-САД и Северна Македонија, со меѓусебната почит како стратешки партнери, се посветени на заедничките заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и против другите закани за мирот ширум светот, претходно напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев потсетувајќи дека на 13 септември 1995, тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон ја објави коресподенцијата со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров со која се потврдува одлуката на САД за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, само две години по отворањето на Канцеларијата за врски на Америка во Скопје.

-Со нашето полноправно членство во НАТО, пријателството со САД доби нова димензија во зајакнувањето на безбедноста, слободата и демократскиот просперитет на Република Северна Македонија и во целиот регион, пишува Заев на Фејсбук.

Според него, громна е поддршката на САД и преку донациите доделени преку различните проекти и програми на УСАИД во Северна Македонија. Таа поддршка, додава Заев, ја покажува длабоката почит на САД за Северна Македонија, која за нас е исклучително важна и во спроведувањето на нашата агенда за реформи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.