Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврија за МИА од Владата. Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.
Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја презеде Владата на Заев, за разговорите со помалите коалициони партнери за очекуваните кадровски рокади во новата Влада, како и за датумот за почнување на преговори со Европската унија.
Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Ковачевски.