Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прешова: Пресудата на Управниот суд за Елизабета Дуковска има за цел да предизвика покрупни системски промени

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е прва пресуда на управното судство со која се поништува одлука на Собрание за избор со што се направи сериозен преседан преку кој во иднина конечно ќе може да се надеваме на управно-судска заштита од незаконски избори и разрешувања од страна на Собранието. Искуството ни укажува дека, за жал, вакви преседани не се случуваат без влијание на некој екстерен фактор.

Денис Прешова

Пресудата на Управниот суд за поништување на Одлуката на Собранието за избор на судија на Уставниот суд, Елизабета Дуковска, е дел од низа предмети на стратешко парничење кои имаат за цел преку водење на судски постапки да предизвикаат покрупни системски промени. Исходот на овие предмети не е во преден план бидејќи идејата е да се тестира системот во обидот да се дојде до одредени промени и со тоа да се има успех и без победа. Ова е прв предмет кој завршува со пресуда за поништување на одлука за избор. Како и во претходните предмети кои ги водевме со колешката, адвокатката Павлина Зефиќ, кои се однесуваа на изборот на членови на Судскиот совет во Собранието, така и во овој, баравме правни проблеми чие третирање може потенцијално да има пошироко влијание и воедно баравме лица кои имаат активна легитимација за водење на судската постапка. Во конкретниот случај успеав да ја убедам судијката, а сега и член на Судскиот совет, Антоанета Димовска како една од трите предложени кандидатки за избор на уставен судија да ни даде полномошно за да можеме да покренеме управен спор против Одлуката за избор на уставен судија на Собранието. Значи основната и единствената мотивација беше одново да се тестира управното судство, кое претставува можеби и најслабата карика во нашето судство, за конечно да се дојде до правна и судска заштита од пречекорување на дискреционите овластувања на Собранието. Имено, политичката дискреција на Собранието во носењето на одлуките за избор не e апсолутна и таа мора да биде во рамките на она што го регулираат Уставот и законите особено преку утврдување на условите и постапката за избор на носители на функции. Со други зборови, Собранието може да избере единствено некој кој ги исполнува условите за избор притоа почитувајќи ја уставно или законски регулирана постапка. Истото се однесува и за случаите на разрешување. Доколку не постои судска заштита тогаш Собранието нема да има никаков мотив да ги почитува Уставот и законите.
Тужбата за управен спор беше поднесена на 16.10.2023 година, шест месеци по изборот на Елизабета Дуковска за уставен судија. Поништувањето на нејзиниот избор е последица на низата пропусти кои, пред се, Судскиот совет ги направи во постапката за утврдување на Дуковска како предлог за уставен судија кој беше потоа доставен до Собранието за избор. Мора да бидам искрен дека исходот на оваа постапка, иако сосема исправен, сепак е изненадување и за мене со оглед на типично формалистичкиот пристап кој Управниот суд го имаше во претходните две решенија со кои се отфрлаше тужбата поради ненавременост и недозволеност, поради наводно немање на активна легитимација, кои по поднесени жалби беа укинати од Вишиот управен суд. Изненадувањето е воедно и поради досегашната пракса на управното судство кое наоѓаше секакви изговори и причини да не посегне по поништување на одлуки за избор или разрешување иако имаше очигледни прекршувања на Уставот и законите. Колку што мене ми е познато, ова е прва пресуда на управното судство со која се поништува одлука на Собрание за избор со што се направи сериозен преседан преку кој во иднина конечно ќе може да се надеваме на управно-судска заштита од незаконски избори и разрешувања од страна на Собранието. Искуството ни укажува дека, за жал, вакви преседани не се случуваат без влијание на некој екстерен фактор. Токму поради ова треба будно да се следи понатамошната пракса на управното судство и редовно да се потсетува на донесената пресуда бидејќи верувам дека ќе има наплив на слични предмети во иднина со оглед на постапувањето на Собранието и другите институции во последниот период. Единствено доколку преседанот се преточи во пракса тогаш ќе можеме да бидеме сигурни дека оваа пресуда не е резултат на некаков политички или друг вид на притисок и дека зад неа стои автентично уверување во нејзината исправност и желбата за правда.
Од Фејсбук ѕидот на авторот 
денис прешова Елизабета Дуковска уставно судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.