Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда за корупција ја ниша шпанската влада, интерпелација за Рахој

1
By Светлана Јовановска on May 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанската владеачка партија Народна партија (НП) и повеќе нејзини поранешни членови вчера беа осудени за корупција. Вкупно 37 лица беа осудени на 351 година затвор а самата партија беше осудена да врати 250.000 евра во државната каса поради нелегално финансирање на партиски митинзи.

Во 40 години демократија, ова е прв вака голем скандал на корупција во најголемата партија на Шпанија на чие чело стои премиерот Мариано Рахој. Се работи за скандалот Гуртел, институционализиран систем на корупција помеѓу партијата и мрежа приватни фирми.

Социјалистичката опозиција побара интерпелација за Рахој и предвремени избори. За да успее, оваа интерпелација треба да собере апсолутно мнозинство од 176 гласа во Парламентот и да го поддржи кандидатот што ќе биде предложен за составување на нова влада.

Педро Санчез, лидерот на Социјалистичката работничка партија

Левата партија Подемос најави дека ќе ја поддржи интерпелацијата против владата на Рахој.

Премиерот ја одби оваа опција но нема сомнение дека ова е голем удар врз неговата влада којшто нема да помине без големи последици и го доведува во прашање опстанувањето на владата.

Алберт Ривера, лидерот на центристите од Куидаданос

Сите партии во земјата се оградија од владеачката партија. Центристите од Куидаданос со претседателот Алберт Ривера, партијата која му даваше поддршка на Рахој и му дозволуваше да остане на власт, исто така се огради од него. Куидаданос најави дека на 11 јуни ќе разговара за оваа нова ситуација и “ќе донесе одлуки што ќе ги спречат можните штети за демократијата”.

Претприемачот Франциско Кореа е осуден на 51 година затвор. Тој беше централната фигура во мрежата која доведе во огромно мито кое завршувало на сметките на партијата.

Поранешниот сметководител на партијата Луис Барценас ќе мора да мине 33 години во затвор и 44 милиони евра казна. Истрагата утврди дека Рахој му пратил смс порака на охрабрување во 2013 година во која вели: “Луис, држи се.”

Помеѓу осудените се поранешни градоначалници на НП, екс секретар на партијата, поранешен советник за спорт на Мадрид и поранешна министерка на партијата.

Судењето траеше 11 месеци, помеѓу ноември 2016 година и октомври 2017 година. Системот на корупција се одвивал помеѓу 1999 година и 2005 година во Мадрид и неговата околина. Судот утврди “автентичен и ефикасен ситем на институционализирана корупција преку механизам на јавни договори” помеѓу корумпирани членови и пратеници на Народната партија и фирми кои се виновни за измама, корупција, перење пари, тргување со влијание и проневера на јавни средства.

Истрагата исто така утврди постоење на “паралелно сметководство” на НП и “црна каса” во која се слевале нелегалните пари. Овој факт може да доведе до ново судење во наредните месеци. Премиерот Рахој беше повикан како сведок во текот на судењето, во јули 2017 година. Тогаш тој изјави дека такво паралелно сметководство не постоело. Судиите оценија дека неговото сведочење не е “веродостојно”.

Премиерот Рахој за време на сведочењето во судот

Народната партија најави жалба на пресудата велејќи дека се работи за локалните избори во 2003 година и дека “партијата не може да биде во тек со трошоци што го правел еден кандидат на индивидуална основа”.

Партијата исто така тврди дека се работи за неколку “изолирани случаи” и покрај тоа што во моментов се води истрага за корупција против десетици лица од партијата во цела Шпанија. Според нив, главните скандали се јавиле во времето кога партијата ја водеше Хозе Мариа Азнар додека Рахој станал претседател во 2003 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.