Италијанскиот суд ја потврди пресудата од 7 години затвор заради плаќање на секс со малолетници и пречекорување на овластувањата на поранешниот премиер Силвио Берлускони, објавува La Republica.
Во образложението на судот стои дека Берлускони имал сексуални односи со тогаш малолетната мароканска проститутка Руби и дека затоа тие услуги и плаќал. Судот наведува дека Берлускони бил “раководител“ на Бунга Бунга секс оргијата.
“Руби крадецот на срца“, со целосно име Карими Ел Махруг, полицијата ја ослободи од притвор.
Пред пет месеци првостепениот суд во Милано го осуди Берлускони на 7 години затвор и за тоа време му е забрането да обавува јавни функции.
Берлускони ги отфрли обвиненијата и постапката ја нарече хајка против него од неговите политички противници.