По двомесечните негодувања во обид да се постави претседател на Советот во општина Берово, СДСМ успеа да го добие мнозинството, откако советникот на Либералната партија, Јован Матеничарски одлучи да коалицира со социјалдемократите.
Со ваквиот распоред на силите, СДСМ има еден советник повеќе од ВМРО – ДПМНЕ, со однос 8 спрема 7, со што ќе го има конечниот збор при носењето на одлуките.
Со именувањето на Матеничарски за Претседател на Советот на општината, се создадоа и услови за конструирање на Советот.
Градоначалникот на Берово, Драги Наџински, кој инаку е од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, му го честиташе изборот на Матеничарски за нов претседател.