Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателка на Европското движење на Србите од Косово: Меѓународната заедница интервенираше за да ги извлече живи вооружените луѓе од Бањска

0
By Ана Василевска on September 25, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Европското движење на Србите од Косово, Рада Трајковиќ, денеска изјави дека 30 лица упаднале во манастирот Бањска и на тој начин се обиделе да ја компромитираат СПЦ, која, „ништо не била прашана“, и дека меѓународната заедница посредувала за да ги извлече овие луѓе кон централна Србија, за да нема поголеми човечки загуби, јави дописникот на МИА од Белград.

Трајковиќ за ТВ Нова С изјави дека „сите зборуваат и сите ги знаат информациите дека во манастирот имало 30 луѓе“, но дека не знае „зошто не се известува за тоа“.

-Се е затворено и приспособено на политиката на луѓето на власт во Белград и Приштина, а вистината е некаде кај меѓународната заедница која молчи и работи на нешто што е интерен и моментален обид да се избегнат големи жртви, изјави Трајковиќ.

Таа посочи дека е убиен косовски полицаец, човек од институција и дека тоа е за осуда, како и дека се убиени „три лица од другата страна за кои се претпоставува дека се Срби, а постојат информации дека има повеќе убиени“.

-Се зборува, барем она што јас го дознавам од албански извори и разговарајќи со пријателите Албанци, дека косовската полиција имала капацитет да се справи со ситуацијата и дека ќе имало многу повеќе жртви, но меѓународната заедница одиграла улога. Како е можно тој број на луѓе кои се спротивставија на косовската полиција да се нашле таму е голема енигма, чиј одговор ќе треба да даде најкомпетентната истрага, која нема да ја водат само косовските Албанци, туку и меѓународните институции, рече Трајковиќ.

Таа оцени дека ЕУЛЕКС е на самото место благодарение на меѓународната заедница која „вчера одиграла историска улога“.

-Тоа се гледа во тоа што специјалците од Приштина имаа можност да убијат 30 луѓе. Што ќе беше тоа, каков ќе беше епилогот после тоа. Мислам дека претседателот на Србија цел ден беше во преговори и дека меѓународната заедница работеше на проектот извлекување на тие луѓе кон централна Србија во смисла да им се спасат животите. Имам сознанија дека имало дискусија и дека некој морал да ги преземе тие луѓе и одговорноста за нив во смисла дека заедно ќе се работи да се утврдат причините, мотивите и се што се случи, рече Трајковиќ и додаде дека е многу тешко што целата вина суштински е префрлена на Србите од Косово.

Таа истакна дека младиот човек чиј идентитет е откриен – Спалевиќ, има 23 години и праша „кој е виновен што тоа дете прераснало во некој што дошол вооружен со оружје да учествува во вакви акции и зошто овие деца денес пристигнувале во ковчези кај нивните родители “.

-Тоа се прашања на кои Србија мора да одговори. Зошто претседателот Вучиќ нон-стоп го нагласува и зајакнува авторитетот на човек кој е на црната листа, мислам на Милан Радоичиќ, дека тој е оној што ги брани и ослободува Србите. Голема е опасност од одмазда кон српските енклави, рече Трајковиќ и додаде дека наместо да ги поправа претходните инциденти, Курти само повторно и повторно ги иритира Србите.

Таа потенцира дека „ако имаше 30 мртви Срби, 30 години немаше да има преговори“.

Косово-Србија Рада Трајковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.