Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите.
Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне и со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

