Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски

0
By Marija Todorovska on February 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретнал со маратонецот Дарио Ивановски, кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој му честитал на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим, кое ќе се одржи од 7 до 12 јуни годинава.

Ивановски го запознал претседателот Пендаровски со текот на неговите подготовки во пресрет на настапот на претстојното Европско првенство, како и за можноста во Рим да обезбеди норма за настап и на годинашните летни Олимписки игри во Париз.

– Посочувајќи дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата нација, претседателот Пендаровски на Дарио Ивановски му посака успех во натамошната кариера и порача дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Дарио Ивановски ја истрча маратонската трка во Севиља за 2 часа 8 минути и 25 секунди што претставува нов државен рекорд, подобрувајќи го и својот досегашен рекорд за 3 и пол минути. Со овој резултат, Ивановски се доближи на само 15 секунди до олимписката норма од 2 часа 8 минути и 10 секунди и се искачи високо на светската ранг листа преку која може да обезбеди учество на Олимпијадата во Париз.

Дарио Ивановски Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.