Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера, на вториот ден од кампањата за претседателските избори, првиот круг е закажан за 24-ти овој месец, кандидатите во повеќе регионални урбани и рурални средини прошетаа по државата на митинзи и на средби со гласачите.

По ред според гласачкото ливче:

Стево Пендаровски во Штип, Гордана Силјановска во Струга, Стевчо Јакимовски во Гостивар, Бујар Османи во Скопје, Билјана Ванковска во Штип, Арбен Таравари во Дебар и Максим Димитриевски во Делчево.

Стево Пендаровски:

  • Јасно е оти  Македонија е можна само како демократска и просперитетна држава ако ги чува витални и ги одржува живи двата стратешки континуитети: евро-атланските интеграции и меѓу етничките односи. Тие се клучни за државата.
  • Во изминатите пет години зад моето име нема ниту една криминална афера, ниту еден случај на корупција, на провизии или на наместени тендери.
  • И во наредните пет години ќе продолам да работи за плата, а не за проценти, ќе продолжи со еднаквиот третман кон сите луѓе независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат.
  • Секогаш ќе ги почитувам младите и нивниот успех, а ќе им помагам и на понижените да добијат човечки третман, таму каде што живеат.
  • Како национален координатор за НАТО во 2018 година ги водев преговорите за членство во Алијансата со што долгорочно е осигуран опстанокот на државата.
  • Ја подржв преговарачката рамка за влез во ЕУ со којашто не само што се започнати преговорите по 18 години туку договорено е со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ.
  • Во септември минатата година го потпишавме договорот со Фронтекс, европската агенција која се грижи т.н Шенгенски граници на англиски и на македонски јазик. Поголем доказ од тоа дека ние сме тие која ја штитат македонштината нема, а тие работат против таа кауза.
  • Сегашната опозиција била 11 година на власт и  не се памети дека имаат донесено една тешка одлука за државата, а токму преку носење на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но се губи рејтингот.
  • Актуелната опозиција и тогаш и денес била заинтересирани само за власт и пари.
  • Јас сум против поделбата на луѓето по било која основа, додека опозицијата дели на наши и ваши, патриоти и предавници  и затоа на овие избори со масовно гласање граѓаните треба да ја одбијат оваа понуда од опозицијата.
  • По изборите нужно е да се направи целосен ветинг на сидиите, обвинителите, но и на политичарите. И тоа на сите кои намерно држеа предмети во своите фиоки или не можат да докажат како од плата станале милионери и тие треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција.
  • Македонската јавност е сведок дека како Претседател пет години во континуитет јавно ги осудувам грешките на сите коишто ги кршеа законите, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржуваа.

 Гордана Силјановска Давкова:

  • Ќе бидеме горди на Македонија, ако имаме држава стандардна, средена, втемелена во владеењето на правото
  • Градот, но и во државата, народот може да живее од туризам и култура, односно културен туризам.
  • Посочувајќи го примерот дека Европската унија доделува годишно по 10 награди на најуспешни писатели од земји членки во Унијата, но и дека од Македонија има тројца такви добитници, иако не сме членка, треба да ја славиме уметноста и да се насочиме кон културата.
  • За мали држави образованието, спортот, науката и културата ќе ве направат големи, особено ако развивате и културна дипломатија, ако развивате економска дипломатија.
  • Моето искуство надвор, во Венецијанската комисија и во Советот на Европа налагаат поинаков однос кон мене кога ќе кажам дека ја претставувам мојата Македонија, вашата Македонија. Твојата Македонија да си ја повратиме.
  • Претседателската функција ќе ја направам пристојна и одоговрна, функција што ќе ја претстави Македонија како горда и Европска држава.
  • Ќе бидеме горди на Македонија и на Струга, ако имаме држава која е стандардна, средена, втемелена во владеењето на правото.
  • Ќе ги амнестирам осудените од 27-ми април, а правна држава не може да се гради со, според неа, администрација преполнета со партиски послушници и политички војници.
  • Во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката и тие треба да бидат врвот во правната професија,

Стевчо Јакимовси:

  • Најголемата мака е иселувањето и како што напомена тоа е заради, поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури.
  • Причината за масовниот егзодус е поради полтронскoтo однесување на функционерите не водејќи сметка за својата туку за туѓите држави.
  • Кандидат сум на граѓаните, а не продолжена рака на партиите.
  • Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата.

 Бујар Османи:

  • Сега е важен моментум Северна Македонија да исчекори кон  полноправно членство во Европската Унија.
  • На оваа дебата на тема “Членството на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година“ ве уверувам дека железната врата на Унијата е отворена и е неопходно е земјата да ги усвои уставните измени што побрзо.

Билјана Ванковска:

  • Сама против шестминa.
  • Првиот чекор кој ќе го направам е раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија.
  • Граѓаните не само што сиромаштијата туку ги боли и националното.
  • Одење по една патека која не води никаде освен во бездна, бара конечно радикално решение, прекин на досегашните политики и практики.

Арбен Таравари:

  • На 9-ти Мај – Денот на Европа, ќе имаме, „влада 3“ во која нема да бидат двете партии кои се сега на власт, а тоа се, СДСМ и ДУИ. За еден месец заминуваат во пензија, време им е да одат во опозиција.
  • Во текот на кампањата нема да ја споменувам ДУИ, туку ќе ја презентирам мојата платформа.
  • Овде во Дебар одлучив да зборувам за Уставот кој е еден од четирите столба на мојата платформа.
  • Охридскиот договор никогаш целосно не се имплементира. И ден денес главниот столб на Охрискиот договор не е исполнет, а тоа е фискалната децентрализација.
  • Кога ќе се одлучи да се внесат Бугарите во Уставот, „Вреди“ во новата влада ќе го постави условот за бришење на 20 отсто за употреба на албанскиот јазик.
  • Македонија е парламентарна демократија, и дека надлежностите на претседателот се исто како на претседателот на Косово, Албанија, Грција, Германија, но во овие држави претседателот го избира парламенот.
  • Нашиот услов е претседателот да се избира со 2/3 мнозинство и секако со Бадинтер.  Доколку не се избере во два круга, третиот круг треба да се оди со мнозинство гласови, што значи 61 пратеник, но повторно со Бадинтер.
  • Мојата кампањата ја каратеризираат три главни збора: обединување, промени и вреди.

Максим Димитриевски:

  • Не се сите исти. Ги охрабрувам граѓаните да обрнат внимание, да ги анализираат сите понуди од сите кандидати и на крајот да донесат одлука.
  • Гласачите да излезат масовно на избори, да се одважат и својата поддршка да ја дадат на оној кандидат за кој што сметаат дека ја заслужува.
  • Сум работел, работам и ќе продолжам да работам за граѓаните и сметам дека може работите да ги вратиме во нормала  бидејќи во моментов живееме во едно зависно друштво кое што е зависно и заложник на политички субјекти, партии кои што се менуваат од година во година.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.