Граѓаните на Република Северна Македонија денеска гласаат за претседател на државата.
Гласачките места се отвораат во 7 часот, а се затвораат во 19.
Доколку не се избере претседател во првиот изборен круг за што се потребни еден глас повеќе од половината регистрирани избирачи, за првите двајца кандидати се гласа во втор изборен круг закажан за 8-ми мај.
За победа во прв круг потребни се 907.159 гласови, а за вториот, 362.864.