Турчинот Тургај Демиреј останува на претседател на ФИБА Европа до 2023 година. На Генералното собрание на континенталната кошаркарска асоцијација во Минхен, тој доби мнозинство гласови од делегатите и покрај противењето на неговиот сонародник Хидает Туркоглу кој е претседател на кошаркарскиот сојуз на Турција.
Ривали за функцијата на Демирел беа и Србинот Дејан Томашевиќ и Белгиецот Сирил Куманс.
Томашевиќ ја загуби битката уште во првиот круг во кој доби 11 гласа наспроти 22-та за Демирел и 17-те за Куманс. Во финалниот круг на гласање Турчинот победи со 27:23.