Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентација на филмот „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“

0
By Нова ТВ on November 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Денеска во Менада во Стара Чаршија во 18:30 ќе биде прикажан документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ (2009) во траење од 80 минути, во присуство на авторите, Беким Сејрановиќ, автор на сценариото и Моку Тераока, режисер.

Истата вечер ќе биде претставен македонскиот превод на романот „Поубав крај“ од Беким Сејрановиќ, во издание на „Блесок“, поддржано од преведувачката мрежа Традуки, која обезбеди и престојот на Сејрановиќ во Скопје, во соработка со издавачката куќа „Готен“.

За филмот:
Документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ е продуциран во 2009 година. Самите автори за филмот велат: „Се започна како виц – Босанец, Јапонец и Норвежанец тргнуваат на пат до Црното Море. Пловат по Сава, па по Дунав до местото каде што Морава се влева во Дунав, малку пред границата со Романија. Не успеваат да стигнат до Црно Море затоа што пребавно патуваат и патем премногу застануваат на одредени места. На патувањето им се случуваат разни згоди и незгоди и запознаваат најразличен народ, од обични луѓе до признати уметници, па сè до необични жители кои живеат крај реките. Приказната раскажува како тројца луѓе од различни нации го доживуваат Балканот, а сето тоа е забележано со стилската рака на режисерот Моку Тераока, кој порано никогаш не беше ни чул за Балканот.“

За романот:
„Поубав крај“ следи две напоредни приказни. Првата е љубовна и е сместена во Норвешка; втората опишува што подоцна му се случува на протагонистот додека седи во една дрвена колиба во босанските планини, сеќавајќи се на минатото и прашувајќи се дали некогаш воопшто ќе може својот живот да го претвори во нешто убаво и среќно. Истовремено, животот несопирливо тече понатаму, донесува нови настани и на сцената воведува нови личности. Прашањето кои неодминливо се поставува е дали животот – тој постојан и незапирлив процес – може да биде обликуван во приказна со „поубав крај“?
Стилот на Сејрановиќ е среќна комбинација од балканска возбуденост и желба да се раскажува, и нордиска воздржаност и склоност кон концизен, ритмичен јазик. Сето тоа е зачинето со блага иронија и црн хумор, што на романот му додава дополнителен квалитет.

За авторите:
Беким Сејрановиќ е роден во 1972 во Брчко, Босна и Херцеговина. Неговото семејство се преселило во Риека, Хрватска, во 1985. Таму завршил средно поморско училиште и запишал Хрватска книжевност на Универзитетот во Риека. Поради југословенските војни, во 1993 година е принуден да емигрира во Норвешка, каде што и денес живее. Дипломирал Јужнословенски книжевности на Универзитетот во Осло (1999), каде работел и како предавач по Јужнословенски книжевности и по босански, хрватски и српски јазик од 2001 до 2006 година. Бидејќи има босанско потекло, а пишува на хрватски и има норвешко државјанство, се смета за босански-хрватски-норвешки писател и преведувач од норвешки. Ги објавил книгата раскази „Мавање“ (2002) и романите „Никаде, од никаде“ (2008) за кој ја добил наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, „Подобар крај“ (2010), и „Сандали“ (2013).

Моку Тераока е роден 1971 година во Хирошима. Дипломирал скулптура од Академијата за уметности во родниот град во 1993 година, а со сликарство и филм почнал да се занимава во 2001 година. Пет години работел како тв режисер во една токиска телевизија. Потоа се посветува на патувањето и главно прави документарци за своите патувања. Изложувал во Сохо, Њујорк и добивал награди за своите скулптури. Неговата филмска и тв продукција опфаќа документарни филмови и музички спотови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.