Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преживен од Бангладеш: Мигрантите заклучени во бродот додека тонеше

0
By Нова ТВ on April 20, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Според изјавите на еден од преживеаните, во бродот со мигранти кој се преврте минатата ноќ во Средоземно море, имало околу 950 луѓе.

Оваа информација ја дал преживеан од Бангладеш, а ја соопшти обвинителот на Катанија Џовани Салви.

Претходните информации кои италијанските власти ги соопштија беа дека на бродот имало 700 луѓе.

А спасувачката операција за наоѓање на преживеани продолжува и денеска. Сепак мали се надежите за наоѓање на преживеани од трагедијата. Во моментов потврдена е смртта на 24 лица.

Верзијата на властите дека мигрантите се поместиле на една страна од бродот и затоа потонал, ја негира преживеаниот од Бангладеш. Тој вели многу од мигрантите останале заробени во бродот додека тонел.

Според него, шверцерите ги заклучиле вратите од подолните нивоа на бродот.

Малтешкиот премиер Џозеф Мускат последнава трагедија ја опиша како “ништо поразлично од геноцид“.

Она што е најстрашно е дека изминатиов период повеќе од 900 мигранти се верува дека загинале обидувајќи се да го поминат Медитеранот, што е многу повеќе од истиот период минатата година.

– Масовна гробница е креирана во Медитеранските води а одговорни се европските политики, вели Лорис де Филипи, претседател на меѓународната група за помош “Доктори без граници“.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија закажаа состанок во Луксембург на кој во најголем дел ќе разговараат за проблемот со мигрантите.

Европските функционери велат дека потонувањето на бродот со имигранти во неделата е најтешката трагедија од овој вид досега, имајќи го предвид бројот на лицата кои се сметаат за исчезнати.

Бродоломот се случи на 70 милји од италијанскиот брег, во близина на островот Лампедуза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.