Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријатели на Македонија: Беа петнаесет, а сега се десет

0
By Светлана Јовановска on November 2, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пет земји членки го повлекле неодамна своето учество од неформалната група “Пријатели на Македонија”. Од вкупно 15 земји кои и даваа целосна поддршка на Македонија во Советот на министрите на ЕУ сега се останати само 10.

Во групата се наоѓале Шведска, Финска, Данска, Велика Британија, Белгија, трите балтички земји, Полска, Чешка, Унгарија, Словенија, Хрватска и Австрија, додека Словачка била повоздржана поради чувствителноста на нејзиниот став со непризнавањето на Косово.

Но овие 15 земји од неодамна се свеле на 10. Својата поддршка одлучиле да ја повлечат Шведска, Финска, Данска, Велика Британија и Белгија.

Холандија не била дел од оваа група, а нејзината поддршка доаѓала преку помошта што ја дава за Македонија.

И покрај својот неформален статус, групата јасно ги изразува политичките ставови на владите на овие земји. Со последното заострување на кризата во Македонија, и практично прекинатите преговори помеѓу партиите, многу влијателни земји загубиле трпение.

“Тоа најубаво се гледа од реакцијата на Велика Британија но пред се од Германија иако таа не беше дел од ова група. Тие испратија предупредување до Македонија. Германската порака дојде директно од Берлин. Ова, на извесен начин, беше сигнал до многу земји дека е време тонот да се заостри”, и доверува на НОВА висок дипломат од една земја членка во Брисел.

Претставниците на Грција и на Бугарија редовно имале мака со овие 15 земји. Врз нив е правен силен притисок да не прават проблеми и да и дозволат на Македонија безусловно да стартува со преговори за членство.

Сега тој притисок е максимално намален поради тоа што пречка за преговори повеќе не се Софија или Атина туку внатрешната ситуација на Македонија. И сега се повеќе земји членки сметаат дека на Македонија треба да и се повлече препораката или барем да се упати сериозно предупредување.

“Многу земји се уверени дека во Македонија повеќе нема влијание препораката бидејќи владата секогаш вината ја фрла врз Грција па така основните пораки од Брисел за назадувањето на земјата не стасуваат до сите граѓани. И многу земји бараат од Европската комисија овој пат да упати сериозно предупредување до владата со кое јасно ќе се стави на знаење каде е вината за сегашната состојба”, тврди нашиот соговормник.

Но дури и земјите кои сакаат препораката да одземена, сметаат дека тоа треба да биде само сигнал за аларм за земјата но не и одземање на европската перспектива.

Минатата година овие 15 земји не се согласуваа со Грција која сметаше дека проблемот на Македонија не е Атина туку назадувањето на европскиот пат. Тие инсистираа да се стартува со “скрининг” процес со Македонија и се заложија за нов извештај во текот на 2015 година за да се разгледа повторно напредокот.

Но наместо напредок Македонија влезе во поголема криза па ЕК побара од група експерти да направат извештај.

“Ако не се исполни договорот од Пржино Македонија ќе влезе во длабока европска изолација. Решавањето на спорот со Грција може да деблокира многу работи на покус рок, но на крајот условите договорени во јуни у јули годинава нема да можат да се избегнат”, вели соговорникот на НОВА и додава дека очекува извештајот за Западниот Балкан и Турција, по сите одлагања, да биде објавен оваа седмица, најверојатно на 5 ноември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.