НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријавите против директорот на АНБ отфрлени, сертификатот за англиски јазик е валиден

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека пријавите се повикувале на јавно објавени податоци според кои пријавениот при аплицирање за позиции директор во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, асистент на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) користел уверение за познавање англиски јазик од Language School Julia CO.LTD, Пловдив, Бугарија, кое според сознанијата на подносителот не спроведувало тестирање за TOEFL iBT, ниту пак издавалo меѓународно признати сертификати какви што се барале на огласите.

Постапувајќи по пријавата, за да ги испита ваквите наводи, се додава во соопштението, надлежниот јавен обвинител веднаш по оформувањето на предметот во ноември 2024 година упатил барање за меѓународна правна помош до Република Бугарија за да прибави потребни податоци и докази за правниот субјект Language School Julia CO.LTD, односно дали ова правно лице е регистрирано во правниот промет, кој е управител, каква дејност врши, дали е сертифицирано како центар за полагање и издавање меѓународно признати сертификати за странски јазици, кои и за кој период, како и тоа дали е издаден сертификат за познавање странски јазик за пријавениот од овој правен субјект. Во исто време, од Владата на РСМ било побарано целокупното досие кое било формирано за лицето во врска со објавениот оглас за избор на Директор на АНБ во 2024 година и пропратната документација.

Согласно одговорот од бугарските надлежни органи доставен во март 2025 година, по барањето за меѓународна правна помош во Бугарија постапувало Окружното јавно обвинителство Пловдив, кое по извршените проверки констатирало дека правниот субјект Language School Julia CO.LTD бил регистриран во Трговскиот регистар како „Джулија КО“ ООД и тоа за вршење повеќе дејности меѓу кои и преведувачка дејност, услуги за преводи и легализирање документи и организација на приватни јазични школи. Прибавени биле целосни податоци за управителот на правното лице и била упатена покана до неа да се јави во својство на сведок и да се изјасни за сите прашања од замолницата. Но, проверките на бугарското Министерство за внатрешни работи покажале дека сопственичката подолг период се наоѓа надвор од границите на Бугарија. Од тие причини барањето за меѓународна правна помош од страна на бугарските надлежни органи не е во целост извршено и е вратено назад до македонското обвинителство, со прилог прибавена документација, соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

По ова, надлежниот јавен обвинител продолжил со проверките и ја прибавил документацијата од комплетното досие за пријавениот од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

По извршениот увид во целосната документација од сите институции каде аплицирал пријавениот се констатира дека меѓу останатите документи тој приложувал Сертификат од Училиште за странски јазици Julia Co. LTD со број Е-ENG од 23.03.2022 година – курс за подготовка за испитот TOEFL, но и Сертификат за положен TOEFL IBT од 26.03.2022 година со освоени 75 поени од кој се констатира дека полагањето било извршено во домашни услови преку Испитниот центар за Република Бугарија. Овој сертификат издаден од ETS визуелно, по форма и содржина се разликува од сертификатите кои што се доставени во прилог кон кривичната пријава, а во кои стои дека се издадени од правниот субјект Language School Julia CO.LTD., појаснуваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител извршил проверки и на јавно достапните податоци во ETS – Сервисот за едукација и тестирање, како единствената организација која е меѓународен тестатор за TOEFL сертификати, при што согласно прирачникот за спроведување на TOEFL ibt тестирање за 2022-2023 година евидентно е дека во тој период постоела можноста тестирањето за TOEFL ibt сертификат да се спроведе и во домашни услови. Во тој случај испитот се мониторирал онлајн од страна на човек – супервизор, а по содржина и форма тестот е ист со оној што се полага во лиценциран испитен центар.

 Разликата е во тоа што TOELF ibt домашно идание можел да се полага во секое време, четири дена во неделата, по претходна регистрација. Резултатите и сертификатот од тестот се достапни во електронска форма 6-10 дена по тестирањето преку корисничкиот профил на лицето кое што го полагало тестот, а доколку поминале повеќе од две години од полагањето, како што е во случајов, ETS не може да даде известување или да ги верификува резултатите и тестот, се наведува во соопштението.

По целосно спроведените проверки јавниот обвинител констатирал дека во наведениот случај пријавениот не направил лажна исправа со намера таквата исправа да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска, ниту пак како доказ во правниот сообраќај употребил исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити. Приложениот сертификат согласно распожливите докази, се вели во соопштението, бил издаден по полагањe на TOEFL ibt тест во домашни услови во текот на 2022 година и истиот се разликува од сертификатот издаден од Language School Julia CO.LTD.

Согласно член 122 од Кривичниот законик, посочуваат од Обвинителството, исправа е секој предмет што е подобен или одреден да служи како доказ на некој факт што има вредност во правните односи.

Оттука, дури и да постои дилема за веродостојноста на документот за завршен курс за подготовка за испитот TOEFL издаден од Language School Julia CO.LTD, тој согласно обезбедената документација не предизвикал правна последица, ниту бил од какво било значење за правните односи и за именувањето за директор, бидејќи во досието е презентиран друг валиден документ за познавањето на странски јазик. Од тие причини во дејствијата на пријавениот не се содржани елементите на пријавените кривични дела, стои во соопштението.

Јавниот обвинител ги проверил наводите во пријавите и во однос на уверенијата за високо образование на истото лице, при што ја прибавил целокупната документација од Економскиот факултет на Универзитетот Скопје, предметот од Државната комисија за спречување на корупцијата и извештајот од вонредниот Државен просветен инспекторат кој веќе извршил целосен увид во досието и не утврдил никакви неправилности.

Имајќи ги предвид сите овие докази, јавниот обвинител констатираше дека и во ваквите наводи не се исполнети обележја на кривично дело, соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

TOEFL АНБ Бојан Христовски Јавен обвинител сертификат англиски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.