Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказна за граџаните и селаните

0
By Биљана Секуловска on May 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Којзнае како, но постои верување дека политичките дуели се прашање на чест, принципи, некаква базична култура, елементарно домашно воспитување, наследени и изградени некакви примарни цивилизациски вредности.

Сето останато се толерира- се што вклучува некаков дури и отворен сарказам, скокотлив хумор, горк цинизам- на се ова треба да се надевате, бидете широки, се е дозволено, конечно.

За секој збор треба да навивате, потчукнете го телевизорот за да се вжешти, да се разбуричка, да зададе удар  противникот, да го затекне неподготвен непријателот, нека падне, нека се довлечка повторно до столицата, нека има глума, дури и преглумување, но нека има, мора да има.

Ги гледам Заев и Мицковски, седнати еден спроти друг, ова е нивен прв дуел, но ова е вистински наш дуел, не им припаѓа ним, туку нам, затоа што не се ни сеќаваме последен пат кога сме имале политичари гради в гради, ова е и наша битка освоена, ех, наивни ние.  Ова е и наше ново разочарување.

Го гледам Мицковски, верува во сопствените наврзани букви во зборови, иако и тој не знае, дека сите му се извојувани од Груевски, сите добиени некогаш, сите изгубени сега.

Ја гледам таа самоувереност, самобендисаност, таа сталоженост и тој мир кој му го создал Груевски, тогаш кога зборува за народот, за силата на народот, за важноста на народот, за народот, за народот, има ли крај, нема, одиме со народот, народот затоа што е на прво место, затоа што народот ова го бара, така говореше Груевски, исто како што зборуваше Груевски.

Го гледам Мицковски како чекори кон провалија, ни сам не знае зошто е сега таму сместен Груевски, неговиот ментор, неговиот патрон, неговото се, од кое не може да избега, да се оттргне, да исплива.

Мицковски не знае за ништо пред ова и затоа не може да знае и за ништо следно, за нешто после ова. Мицковски не знае дека мора да се извини за минатото за кое тој молчел, за Груевски, за груевизмот, за се што остави огромни лузни и траги, за кои ќе требаат децении да се опоравиме.

Што ако сум пишувала и порано дека мора тој да се извини, тој продолжува да не знае, да биде само склупчен во мислите на Груевски, да му ја оттргнува самотијата, да му ги следи стапките, да му ги замазнува отисоците што ги оставил, додека чекорел и газел врз се што е свето- најмногу врз слободата.

Го гледам Мицковски, како со потсмевање и омаловажување му се обраќа на Заев, имитирајќи му го струмичкиот дијалект и акцент, сакајќи да го претстави како обично парталаво селанче, тој, големиот граџанин Мицковски, каков срам, колку голем срам.

Мора да е тоа добро, големо, важно да го сторам, да го понижам, си вели, од позиција на син-асистент на татко-професор, на човек кој мисли дека навистина живее во еден сјаен град, еден блескав велеград, за кој само ние знаеме дека во овие десет години стана еден тесноград, затутулен, свиткан на половина град, кој дури ни крајот на светот не го подзема под свое.

Сепак останало некако, преживеало ова жилаво Скопје, кое еден Сартр го има во спомените, кому сите му припаѓале, и тој еднакво бил нивен, на сите овдешни дијалекти, на сите акценти, на сите закоравени раце и поцрнети нокти.

А сега, градот во кој живееше, кој го направи тоа да биде, нашиот идентитет- Блаже Конески, сега овој град се повеќе и повеќе наликува на обесена во лицето- паланка која замислува дека е вистинска престолнина, наместо да се соочи со огледалото кое скришно го поткршнува секојпат кога ќе помине покрај него.

За да не види  дека станал каллива нива,  запустена трпеза со мувлосани и скапани плодови, грабнати од нечиј еснафски двор, расцепени наполу, треснати со бес на софрата, за да се гледаат црвите, за да се знае кој владее со градов.

Во целата приказна, трошка среќа и нам ни припаѓа- по Шарената револуција која ја извојувавме заедно со Заев, сега имаме буржоаска задача- црвјосаните остатоци еден по еден почнуваме да ги фрламе, а секако дека ни треба време, долго време, додека сосема не се ослободиме од нив.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.